Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје на терен по вчерашото силно невреме проследено со силен ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По вчерашното невреме проследено со силен ветер кој го зафати градот Скопје, од раните утрински часови екипите ЈП Водовод и канализација – Скопје започнаа со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализационата мрежа.

Екипите на претпријатието вршат расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територија на град Скопје.