Еко автобуси v.s брз јавен транспорт – ќе изгуби ли Град Скопје 70 милиони евра од ЕБОР?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Да не се брза со одлуките да се прекине проектот Брз јавен транспорт“- апелира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски до новата локална власт на Град Скопје. Вели дека не видовме аргументи зошто би се запрел. Таквата одлука според  него треба да се темели на студии, анализи, експертски мислења. Неговите аргументи се дека, нема да има загадување на воздухот, ќе имаме брз превоз, растеретување на сообраќајот.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска веднаш по стапувањето на функцијата најави дека планира да го прекине проектот за БРТ, брз јавен транспорт.  Арсовска планира  овие 70 милиони евра, кои ги доби Владата од ЕБОР за проектот за БРТ, да ги пренамени за други цели, како набавка на еко-автобуси. Скопје мора да биде град на сите, доста е од половични решенија, апелираше тогаш кандидатката сега градоначалнлка на Скопје Данела Арсовска.

Од ЕБОР велат дека проектот за БРТ е веќе во фаза на имплементација, откако пред еден месец беше објавен тендерот за изградба на првата траса на БРТ од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Овој јавен повик е отворен до 14 декември, а целата документација е достапна токму на веб страницата на ЕБОР.

Во тек е и уште еден јавен повик, за избор на консултанти кои ќе работат на проектот за изградба на втората траса, која е предвидено да се протега од Бутел до Кисела Вода.