Екс градоначалникот на Кочани, Димитровски: Обвинението е конструкција и гони невини, ние сме заменски обвинети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, обвинет во случајот „Пулс“, пред судот изјави дека е изненаден и дека, како што рече, „никогаш ама никогаш“ не можел да замисли дека ќе се најде на обвинителна клупа за настани стари 13 години.

Димитровски тврди дека обвинението против него е неправедна конструкција, штетна и за семејствата кои ги загубија најблиските. Побара, како што рече, вистинска правда – но правда што нема да гони невини.

„Не постојат заменски обвинети,“ рече тој, предупредувајќи дека нема сатисфакција ако се прескокне дури и еден што навистина треба да одговара.

Димитровски рече дека ова обвинение е „измислена одговорност за замајување на јавноста“ и потсети дека уште во 2012 година општината веќе го известила сопственикот дека паркирањето не е дозволено на спорните парцели.