Екс премиерот Ковачевски: Имале среќа САД и Кина што го немаат Пехчево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски со ироничен статус на социјалните мрежи ја коментира одлуката на Советот на Општина Пехчево, чии советници едногласно се изјаснија против изградбата на дата-центри.

Ковачевски во објавата се осврнува на прашањето за потрошувачката на вода и влијанието што изградбата и функционирањето на големи дата-центри би можеле да го имаат врз локалните ресурси.

„Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај…… што би правеле денес со вишокот вода“, напиша Ковачевски.

Неговата објава доаѓа откако советниците во Општина Пехчево едногласно се изјаснија против изградбата на дата-центри, со што проектот предизвика дополнително внимание во јавноста.

Со ироничниот коментар, Ковачевски алудира на дебатата околу потребите за вода на дата-центрите, но и на прашањето дали ваквите инвестиции се соодветни за локалните услови и ресурси.

Темата со изградбата на дата-центри во земјава предизвикува реакции и поради потенцијалното влијание врз животната средина, потрошувачката на вода и електрична енергија, како и придобивките што би ги имале локалните заедници.