Поранешниот амбасадор и универзитетскиот професор, Нано Ружин, смета дека е рано за идејата за промена на моделот за регулирање на државата според белгискиот или ирскиот модел, нешто што според изворите на ТВ21, го разгледуваат и ќе го предложат меѓународните експерти ангажирани од ДУИ. Ваквата идеја ќе се соочи со отпор кај народот но и кај политичките субјекти, вели тој.
Универзитетската професорка, Мирјана Малевска вели дека земјата веќа има пракса за формирање на Влада, во коалиција да влезат победниците од двата најголеми етнички блока, нешто што, како што додава, овој пат беше прекршено и според Малевска, тоа не е добро за демократскиот дух.
-Што и да кажат експертите, тоа решение ќе треба да помине низ Собранието. Значи треба да има 2/3 мнозинство, затоа што мислам дека овие типови правила кои влијаат на односите меѓу заедниците треба да се прават со 2/3 мнозинство. Не знам, мислам дека сегашното мнозинство нема 2/3 мнозинство, но за секое правило што е воведено во Уставот, сега дали се докажува или нешто слично како што велат експертите или што е нашето искуство, дефинитивно мора да има уставна процедура, мора да се сменат правилата, Уставот и потоа законите, изборниот законик, вели во телефонски разговор Мирјана Малевска, универзитетски професор.
Зборувајќи за белгискиот модел за регулирање на државата, кој е поделен во три региони, според јазикот на кој се зборува, професорот Ружин рече дека и ваквата поделба не се покажала како ефикасна бидејќи се отворени други прашања, како што е плаќањето на даноците – луѓето од еден регион кои работат во друг регион, бараат да плаќаат даноци според местото во кое што живеат.
