Експлозии и голем пожар во Истанбул, црн облак се појави над градот (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во турскиот град Истанбул денеска попладне дошло до експлозии во магацин на една компанија, па густиот чад го прекри градот.

Пожарот во добра мера е локализиран, благодарение на итната интервенција на пожарникарите.

Турските медиуми пренесуваат дека не е позната причината за пожарот. Оганот избил во магацин во кој се наоѓале разни предмети како бела техника и останати материјали од стакло. На местото стигнале и полициски екипи и возила за итна помош.

Во магацинот се слушнале две екслопзии. Во меѓувреме неколку објекти биле евакуирани во близина.