Два супермаркети во Холандија, кои припаѓаат на полски ланец, тешко се оштетени во две експлозии кои се случиле денеска рано наутро, соопшти полицијата.
Експлозиите се случиле во Алсмер и Хесвијк Динтер, но, за среќа, никој не е повреден. Станарите во близината на маркетите веднаш биле евакуирани.
Засега полицијата не дава детали дали станува збор за поврзани експлозии.
Во Алсмер експлозијата се случика во три часот наутро, после која дошло до пожар во кој изгорела целата продавница, а исто така бил запален и станот кој се наоѓал над неа.
Неколку часа подоцна дошло и до експлозијата во Хесвијк Динтер, при што е оштетена фасадата на продавницата, како и околни продавници.
Сопственикот на продавницата во Хесвијк Динтер е во целосен шок, и се надева дека ќе бидат најдени сторителите. Тој за полицијата изјавил дека не добивал никакви закани, ниту, пак, имал проблеми со некого.
Blasts Badly Damage 2 Polish Supermarkets In The Netherlands (NL RTL4) https://t.co/4sYblJK1H0 pic.twitter.com/wtyWlQoXaD
— ENEX Newsroom (@enexnewsroom) December 8, 2020
