Експлозивна направа пронајдена на депонија во Кавадарци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера во 08.50 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на депонија „Мелци“ – Кавадарци била пронајдена експлозивна направа.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за артилериско зрно 75мм. Од страна на одговорно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била безбедно подигната за понатамошна постапка.