Како конфликтот на Блискиот Исток ќе го погоди туризамот и патувањата. На оваа тема вечерва во Бизнис 21 на ТВ21 разговаравме со Аркан Керим, претседателот на туристичко угостителската комора при ССК.
Тој кажа дека туристичките аранжмани не се откажуваат, но од друга страна нема нови уплати и дека граѓаните се скептични поради војната во Блискиот Исток.
„Нема откажувања на туристички аранжмани, но нема нови уплати. Луѓето се скептични, војната продолжи повеќе од што треба, и мислам дека нема простор за паника, напротив, треба да гледаме оптимистички на целата ситуација. Мислам дека наскоро се ќе среди. Луѓето полека сфаќаат дека е чудна војна која не не засега нас. Но, имаме проблем со керозинот. Керозинот е многу поскапен, многу повеќе од двојно, беше 900 долари сега е 2000 долари, и тоа ќе направи проблем на авиоиндустријата. 50-70 евра секоја авионска карта ќе се поскапи“, рече Керим.
Тој додаде дека досега ниту еден лет од аеродромите во Охрид и во Скопје не е откажан.
