ЕЛ КЛАСИКО: Реал Мадрид слави победа, Барселона во финишот пропушти да освои бод (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Реал Мадрид благодарение на двата гола во првиот дел против Барселона, славеше победа на „Ел Класико“.

Бензема во 13. минута со одличен гол со пета донесе водство, а потоа Крос од слободен удар и со помош на среќата донесе 2:0 во 28. минута. Потоа до крајот на првиот дел и двата тима ја погодија стативата.

На стартот од второто полувреме Мингеза, стоперот на Барселона се најде во шеснаесетникот и го намали резултатот. Барселона доминираше до крајот, но не успеа да дојде до гол, иако во финишот ја погоди пречката од голот на Куртоа, и пропушт да дојде до 2:2 и барем до бод на овој натпревар.

Реал Мадрид со оваа победа се искачи на првото место на табелата, барем за момент, со оглед дека Атлетико Мадрид утре го игра својот натпревар. Сите три тима се на разлика од еден бод, односно Реал и Атлетико имаат 66, Барселона 65 бодови, и се очекува спектакуларен финиш на сезоната во Шпанија.