Скандалот со анестезиологот во Тетово, кој објави снимки на ТикТок од Гинеколошкото одделение, Алтернатива го оцени како резултат на неспособноста на Алијансата за Албанците да се справи со ресурсите што ги презеле. Амир Елези покажувајќи фотографија обвини дека анестезиологот е член на Алијансата за Албанците и му порача на Арбен Таравари дека занимавањето со политика не е само кадровска комбинаторика.
-Никакво оправдување не држи вода! За скандалот да биде уште поголем, докторот кој го снимил видеото се фотографирал со министерот за здравство при неговата посета на болницата во Тетово. Насмеан и среќен. Во цивилна облека, што покажува дека можеби не бил, туку дошол само за министерот-вели Елези.
Но, министерот за здравство Фатмир Меџити демантираше такво нешто. Тој рече дека лицето за кое станува збор не е член на Алијанса за Албанците, но според него и да е, нема да избега од одговорност.
-Тоа е вистина. Пред 10-тина дена бевме во тетовската болница. Одевме цели 4 часа за да ги видиме дефектите, нефункционалноста, проблемите кои се внатре во болницата. Овој дел од фотографијата беше во хируршкиот дел, колегите побараа да се фотографираат со мене како министер. Лицето не го ни познавам лично, точно е, го имам видено на фотографии. Овде ние не сме партија, не сме членови на партии. Овој господин не е ни член на Алијанса за Албанците, но и да беше член на АА, ќе поминеше и полошо од ова.“, ијави Меџити.
Инаку, Амир Елези како член на Алтернатива беше директор на болницата во Тетово, но со реконструкцијата на Владата беше разрешен и на негово место дојде Пелумб Вела од АА која неодамна стана дел од Владата.
