Елмас со Наполи го освои Купот на Италија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Елиф Елмас е вториот македонски фудбалер во историјата кој се закити со трофејот од Купот на Италија. После Горан Пандев кој пет пати го има подигнувато трофејот, вечерва Елмас успеа да го освои трофејот благодарение на победата над Јувентус и тоа на пенали со 4:2.

Регуларниот дел заврши 0:0, и покрај тоа што токму Елмас можеше да биде херојот на мечот, и во судиското надополнување да погоди, и да му донесе победа на својот тим. Сепак, Јувентус имаше многу среќа, па Елмас ја погоди само стативата по изведен корнер и голема мешаница пред голот на Јувентус.

По изведувањето на пеналите, Јувентус не реализираше два од четири удари, а Наполи ги погоди сите, по што почна со големо славје за овој освоен трофеј.

Финалето се играше во Рим без публика, а на крајот според протоколите играчите сами си ги земаа медалите, и сами го подигнаа пехарот.