Енис Барди нов играч на Трабзонспор – Барди: Среќен сум, ќе имам шанса да играм во Лига на шампиони

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Како што беше најавено од турските медиуми, Енис Барди следната сезона ќе го носи дресот на турскиот шампион Трабзонспор. Македонскиот репрезентативец пристигна во Турција за да го комплетира трансферот.

Прво лекарски прегледи, а потоа потпис со шампионот, со кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Договорот ќе биде до 2025-та година.

Барди привлече големо внимание во Турција, а првите негови зборови се дека е среќен што ќе потпише за шампионот на Турција. Трансферот со бонуси ќе го чини Трабзон околу 10 милиони евра.

Интересно е тоа што пред неколку дена за Фенербахче потпиша Езгјан Алиоски, па следната сезона, пресметките помеѓу Трабзон и Фенербахче ќе бидат интересни и за фудбалските фанови од Македонија.

„Многу сум среќен што сум овде. Сега остануваат уште административните работи. По завршувањето на овие процедури, мојата единствена работа ќе да се сретнам со тренерот и новите соиграчи. Да се ​​биде дел од шампионски тим за мене е голема гордост. Можноста да играм во Лигата на шампионите,  оваа прилика е нешто што го чекав долго време. Тоа е огромна мотивација за мене“, изјави Барди.

error: Content is protected !!