Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска слета во Трабзон, каде што ќе ги одработи медицинските прегледи, и потоа треба да потпише договор со турскиот шампион Трабзонспор.
Барди веднаш по слетувањето истакна дека му е драго што ќе игра за шампионски тим.
„Многу сум среќен што ќе играм во шампионски тим“, рече Барди.
Барди досега настапуваше за Леванте, а откако испадна тимот во втората шпанска лига, бараше нов ангажман. Беше пред трансфер во САД, но во последен миг се премисли.
Во Турција пред неколку дена трансфер направи и Езџјан Алиоски кој потпиша за Фенербахче.
