Турција може да ги отвори своите гранични премини кон Ерменија доколку Ереван преземе позитивни чекори за регионален мир, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека со неговиот азербејџански колега разговарал за воспоставување платформа за регионална соработка меѓу шесте земји.
Зборувајќи со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, Ердоган рече дека има проблем со раководството на Ерменија, а не со нејзиниот народ.
– Ерменија може да учествува во планираната регионална платформа заедно со Турција, Русија, Иран, Азербејџан и Грузија доколку придонесе за регионалниот мир, рече тој.
Во Баку, како знак на победата на Азербејџан во војната над спорната енклава Нагорно-Карабах, Ердоган претходно го обнови повикот за промена на раководството во Ерменија.
