Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по покана на неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.
За време на средбите ќе се разговара за билатералните односи во сите нивни димензии и ќе се потенцираат можностите за понатамошен развој на соработката, јави агенцијата Анадолија.
Ердоган вчера беше во посета на БиХ.
