По првичниот шок и реанимација на Кристијан Ериксен на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, натпреварот продолжи да се игра.
Добри вести стигнуваат за ситуацијата со данскиот играч. Тој е добро, се наоѓа во болница, а веднаш по реанимацијата дури и комуницирал со играчите, им дал поддршка во натпреварот со Финска кој продолжи во 20:30 часот. Ова го изјавил неговиот менаџер на социјалните мрежи.
Ериксен е во моментов во болница во Копенхаген каде што е подложен на понатамошни испитувања за тоа што се случи во 43. минута од натпреварот.
Играчот на Интер колабираше по еден изведен аут и падна на теренот. Лекарскиот тим го реанимираше пет минути, а сите беа во шок, во солзи и упатуваа молитви за ситуацијата со Ериксен. Во тој момент не беше добра ситуацијата, но како одминува времето јасно е дека Ериксен го доби најважниот натпревар – оној животниот.
