Ерменија соборила два противнички хеликоптери, Азербејџан погодил цивилен автобус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Борбите во областа Нагорно Карабах продолжуваат. Ерменската страна извести дека погодила неколку тенкови и срушила два хеликоптери, додека Азербејџан погодил цивилен автобус, објавија ерменски власти.

Портпаролката на министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан објави дека во текот на судирите, собориле два азербејџански хеликоптери.

Ерменија обвини дека Азербејџан почна да пушта ракети во места каде што живеат цивили, а една паднала во близина на училиште, во областа Степанакет.

Додека траат судирите, сите светски лидери порачаа за прекин на огнот, и седнување на преговарачка маса.