Ерменскиот парламент ја продолжи воената состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Парламентот на Ерменија одби да ја прекине воената состојба, која ја бараше опозицијата.

За укинување на воената состојба, гласаа 36 пратеници, а 56 беа против.

Укинување на воената состојба би овозможило опозицијата да излезе на протест, што е за време на воена состојба забрането.

Пратеничката на партијата „Напредна Ерменија“ Шаке Исаијан соопшти дека опозицијата ќе бара импичмент на премиерот Никола Пашинјан после укинувањето на воената состојба во земјата.