Мечка забележана во гостиварско Дебреше – камерите го снимиле нејзиното движење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мечка е забележана во гостиварското село Дебреше, предизвикувајќи загриженост кај локалното население, пренесува ТВ21.

Снимките од безбедносните камери покажуваат дека мечката се движела на различни локации низ селото, меѓу кои и на стадион и во дворови на приватни куќи.

Засега нема дополнителни информации за движењето на мечката, ниту дали се преземени мерки за нејзино заловување.

Присуството на диво животно во близина на домовите предизвикува загриженост за безбедноста на жителите, кои треба да бидат внимателни и да избегнуваат приближување до мечката.