Индонезискиот вулкан Мерапи денеска исфрли час, пепел и лава. Подножјето на планината Мерапи утрово е прекриено со камења.
Чадот и пепелот од вулканот се издигнаа до 200 метри во атмосферата.
Вулканот со висина од 2.968 метри се наоѓа во густо населениот остров Јава и во близина на градот Јогјакарта. Мерапи е еден од најактивните десетина индонезиски вулкани.
За време на неговата последна голема ерупција во 2010 година, загинаа 347 лица, а беа евакуирани 20.000 луѓе.
