Есен со масовни протести од белите мантили – ако за еден месец не добијат покачени плати, излегуваат на улица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот медицински персонал го крена гласот за подобри услови на работа и повисоки плати за 30%. Доколку ова не се оствари за еден месец, од септември најавуваат масовни протести бидејќи, како што велат, не можат да преживеат.

Независниот синдикат на Геријатрија не се согласува со новиот колективен договор. Соопштуваат дека во Геријатрија има околу 50 вработени со договор и барат измена на законот со што ќе им се овозможи на истите наместо да бидат со петгодишен договор, да бидат со договор на 6 месеци.

Независниот синдикат на Здравство и Независниот синдикат на Геријатрија денеска одржаа средба во МИОА од каде излегоа задоволни. Велат дека на средбата било констатирано дека има голем број аномалии во колективните договори на здравствените работници. Синдикалците додаваат дека побарале средба и со Министерството за финансии и МЗ но не добиле одговор.