Ескалира состојбата во Дамаск, запален гробот на таткото на Асад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии на кои се гледаат демонстрантите како стојат до запалениот гроб на починатиот сириски претседател Хафез ал Асад, татко на доскорашниот претседател Башар ал Асад.

Демонстрантите го извлекле ковчегот и го запалиле. АФП пренесува дека бунтовниците во униформи, како и локални жители, гледале како ковчегот гори. 

Башар ал Асад избегал со авион од Дамаск, и заминал во Русија, каде доби азил од рускиот претседател Владимир Путин.