ЕСМ ги чека понудите на Мицкоски – Мицкоски: Количините ќе бидат двојно поевтини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку понудата на Христијан Мицкоски за контакти со компании е според сите потребни критериуми и како што вели самиот ќе донесат бенефит до 300 милиони евра веднаш со тие компании ќе склучиме договор, но доколку тие ги исполнуваат потребните критериуми.

Ова е одговорот на првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски откако Мицкоски деновиве го повика премиерот да го прифати нивниот предлог за намалување на енергетската криза.

„Понудите треба да содржат технички карактеристики на енергенсот кој што го нудат значи на мазутот или природниот гас, да ги имаат потребните сертификати, да ги имаат сите потребни лиценци да ги имаат обезбедено количините кои што ни се потребни а тоа се 250 илјади тони мазут и 250 милиони нормални метри кубни гас да имаат договори со добавувачите, да имаат обезбедено логистика и транспорт на енергенсите до производните капацитети“, вели Васко Ковачевски.  

Мицкоски денеска од Јегуновце повторно ја повика Владата дека треба да го прифати нивниот предлог бидејќи како што истакна тоа би заштедело многу пари.  

„Да го зголемиме домашното производство на електрична енергија кое што ќе обезбеди дополнителни количини од овој ресурс за стопанството. Тие количини ќе бидат по цена најмалку два пати помала од таа што е во моментот на берзите, понатаму заштеда на минимум 300 милиони евра, пари кои што и онака ги немаме треба да ја задолжиме државата за да ги обезбедиме овие пари и што е најважно обезбедување на ресурс за термоелектраната и топланата позната во јавноста ТЕТО Скопје“, посочи Христијан Мицкоски.

Мицкоски воедно побара и дуел со премиерот Ковачевски на која би ги изнеле аргументите околу справувањето со енергетската Криза. Инаку, шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со овој предлог излезе пред два дена на средбата со раководството на Сојузот на Стопанските комори.