ВИДЕО: Изби пожар на блок 3 во РЕК Битола – нема повредени, пожарот е исгаснат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар кај главната трафостаница во РЕК Битола.

Од Електрани на Северна Македонија за ТВ21 велат дека избило пожар на блок 3.

„Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“, додаваат од ЕСМ за ТВ21.

Репортер на ТВ21 се наоѓа токму на местото каде избило пожар, а се очекува и вклучување во живо.