ЕУ ги критикуваше Хамас и Израел поради прашањето за прекин на огнот и блокадата на хуманитарната помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЕУ го осудува одбивањето на Хамас да прифати продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, а во исто време ја критикува одлуката на Израел да го блокира влезот на хуманитарна помош во Газа.

Европската унија вчера, го критикуваше одбивањето на Хамас да прифати продолжување на првата фаза од прекинот на огнот со Израел, како и одлуката на Израел да го прекине влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа.

„ЕУ го осудува одбивањето на Хамас да го прифати продолжувањето на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа“, рече во изјавата Анвар ал-Ануни, портпарол на ЕУ за надворешна политика и безбедност, критикувајќи ја „одлуката на Израел да го блокира влезот на хуманитарна помош во Газа“.

„ЕУ повикува на итно продолжување на преговорите за втората фаза од прекинот на огнот и ја изразува својата силна поддршка за посредниците“, додаде тој.