Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ја одобрија суспензијата на безвизниот режим за грузиските службеници кои поседуваат дипломатски пасоши, изјавија двајца дипломати за Ројтерс.
Се вели дека суспензијата е одговор на насилното задушување на проевропските протести во Грузија, кои избувнаа откако владата во Тбилиси објави дека ги прекинува преговорите за пристап во ЕУ до 2028 година.
Високата претставничка на ЕУ Каја Калас пред почетокот на министерскиот состанок утринава во Брисел изјави дека блокот ги пренасочил средствата кон грузиското граѓанско општество.
