Албанија злоупотребила 33 милиони евра од Европската унија како помош за албанското земјоделство со ИПАРД програмата.
„Ора њуз“ објави дека ЕУ препорачала блокада на следниот пакет од 112 милиони евра, додека не се обезбедат гаранции за заштитата на финансиските интереси.
Според истиот извор, ОЛАФ во годишниот извештај навело три прекршувања направени со ИПАРД фондовите, со што ЕУ размислува да ја прекина поддршката.
– Од апликантите се барало да платат значителен дел од нивниот грант на локална консултантска компанија, се доделувале договори без конкуренција или преку наместен конкурс (со поднесување лажни понуди), како и надуени цени и прекршување на договорните правила, се вели во извештајот на ОЛАФ.
