Европската унија повика денеска на брзо решение на кризата во Јужна Кореја, откако пратениците во Сеул гласаа за импичмент на претседателот Џун Сук Јеол.
Гласањето за импичмент на претседателот следеше по неуспешниот обид на Јун да воведе воена состојба.
„ЕУ ги следи случувањата околу импичментот на претседателот Џун Сук Јеол. Сега е важно да се обезбеди брзо решение на политичката криза, во согласност со уставот на Јужна Кореја“, рече портпаролката на ЕУ, Анита Хипер.
