“ЕУ со Тебе” утре во Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре (2 јули 2020) Самуел Жбогар, Амбасадор на Европската Унија ќе се сретне со Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид за да разговара за статусот на спроведување на препораките за зачувување на „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“ на УНЕСКО, испишано во 1979-1980 година. Подоцна, тие ќе го посетат Националниот парк Галичица чијашто ефикасност во управувањето е подобрена со поддршка на Европската Унија преку промоција, зачувување на биолошката разновидност и мониторинг. Сепак, околу 2.300 нелегални објекти спаѓаат во областа на националниот парк.

Оваа посета „ЕУ со Тебе“ ќе се одржи во Охрид за да се потенцира важноста за заштита на Извонредната Универзална Вредност кој УНЕСКО му го препиша на регионот за неговите природни вредности и за разновидноста на културното, материјалното и духовното наследство. Посетата ќе започне со средба на амбасадорот Самуел Жбогар со градоначалникот Константин Георгиески за да разговараат за предизвиците на засегнатите општини (Охрид, Струга и Дебрца), како и за потребата од зголемено учество на заедницата, целосна посветеност од страна на земјата и координиран пристап на централната и локалната власт. По средбата, амбасадорот Жбогар и градоначалникот Георгиески ќе дадат изјави за медиумите на плажата „Горица 3“.

Во попладневните часови, амбасадорот и градоначалникот ќе го посетат Националниот парк Галичица, каде Европската унија инвестираше 390.000 евра за подобра заштита, конзервација и управување со заштитеното подрачје. Основана е мала ботаничка градина со детски патеки и отворена училница во рамките на овој проект финансиран од ЕУ, како и репродуктивниот центар од 100 ха за европскиот (црвен) елен, кој создаде услови за враќање на овој „крал на шумата“ по децениско долго отсуство заради нелегалниот лов и несоодветниот мониторинг. Проектот е дел од програмата финансирана од ЕУ за подобро управување со заштитените подрачја во вредност од 4,3 милиони евра што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.