САД започнаа процес на уплата на 725 милиони долари кон Обединетите нации

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна процес на префрлање 725 милиони долари кон Обединетите нации, покажува известувањето доставено до Конгресот, во кое увид имал „Ројтерс“.

Експерти за финансии и хуманитарна помош оценуваат дека уплатата би претставувала чекор кон намалување на американскиот долг кон ОН, кој изнесува повеќе милијарди долари, објави „Ројтерс“.

Парите се споменуваат во писмо на Стејт департментот до Конгресот од 4 август, а се очекува да бидат исплатени пред планираното обраќање на Трамп пред Генералното собрание на ОН во Њујорк следниот месец.