САД со нови санкции кон Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот притисок врз Москва се зголемува. Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави го усвои новиот пакет санкции и царини против Русија и Иран, во една од најзначајните иницијативи на американскиот Конгрес поврзани со војната во Украина.

Предлог-законот беше усвоен со 262 гласа „за“ и 159 „против“. За него гласаа и 58 демократи, додека седум републиканци беа против.

Иницијативата има цел да ги погоди главните извори на приходи на Москва, особено енергетскиот сектор и одбранбената индустрија.

На удар е и таканаречената „флота во сенка“, која се користи за заобиколување на санкциите и продолжување на извозот на руската нафта.

Законот предвидува и високи царини за земјите кои продолжуваат да купуваат енергенси од Русија.

По усвојувањето во Претставничкиот дом, а претходно и во Сенатот, предлог-законот сега оди кај претседателот Доналд Трамп, кој треба да одлучи дали ќе го потпише.