Европската Унија во понеделник за Радио Слободна Европа изјави дека жали што Србија сè уште не ги презела потребните чекори за да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за нападот врз косовското село Бањска во 2023 година.
Портпаролот на ЕУ ги даде овие изјави коментирајќи ја одлуката на Основниот суд во Приштина, кој на 24 април ги осуди тројцата обвинети за нападот: Благоје Спасојевиќ и Владимир Толиќ на доживотен затвор, а Душан Максимовиќ на 30 години затвор.
Нападот во Бањска се случи на 24 септември 2023 година, при што беше убиен наредникот на косовската полиција Африм Буњаку.
Во размената на огнено оружје што следеше, беа убиени уште тројца српски напаѓачи.
