#Euclick дебата за потребите на уметниците – родителите да ги носат децата на културни настани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Децата се почесто треба да се носат на културни настани. Ова им го порача на сите родители историчарката и ликовна критичарка Виолета Калиќ во дебатниот магазин „EU Click“.

Ликовниот уметник Игор Љубовчевски Љубац изваји дека Европската унија е единствена шанса за критичко преиспитување на нашите општествени вредности.

Ликовната уметница и социјологинката Гордана Винчиќ порача дека ние сме прекрасна земја со многу таленти и можеме да придонесеме многу за Европската Унија.

Уметниците додадоа дека еворпските искуствата на запад покажуваат тенденции за се повеќе изложби во живо преку онлине мрежи.