Европската класика помеѓу Англија и Германија денеска ја доби селекцијата на англичаните со 2:0, и обезбеди пласман во 1/4 финалето.
Головите на Стерлинг и Кејн во последните 15 минути беа клучни за победата. Германија на 1:0 преку Милер имаше зицер, но не го реализираше.
Ова беше последен меч за Јоаким Лев на клупата на Германија.
Во вториот меч Украина ја победи Шведска со 2:1 со гол во 120 минута. Регуларниот дел заврши 1:1 откако Украина поведе со гол на Зинченко, а израмни Форсберг. Шведска остана со играч помалку во продолженијата.
Англија и Украина ќе играат меѓу себе во 1/4 финале во Рим на Олимпико.
Другите 1/4 финални двојки се Белгија – Италија, Швајцарија – Шпанија и Данска – Чешка.
