ЕУРО 2020: Чешка или Данска во 1/2 финале, Англија голем фаворит со Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една од селекциите на Чешка или на Данска ќе обезбеди пласман во полуфинале по денешниот прв натпревар во 1/4 финалето на ЕУРО 2020. Дуелот ќе се игра во Баку, а нема некој изразит фаворит, со оглед дека и двете селекции се речиси на исто рамниште.

Мотив за Данците ќе биде Кристијан Ериксен, кој преживеа срцев удар уште на првиот меч на ЕУРО ќе се обиде да обезбеди место меѓу најдобрите четири. Чешка, пак, одигра одличен турнир, го елиминираше еден од фаворитите Холандија. Еден од најсилните адути на Чесите е единството и воиграноста.

Во второто 1/4 финале денеска ќе играат Англија и Украина. Англичаните важат за огромни фаворити, меѓутоа не секогаш во ваква фаза натпреварите ги добиваат фаворитите. Украина покажа дека може да биде опасна, иако на патот до тука имаше далеку „полесна“ задача против Шведска, додека Англија мораше да се „судира“ против Германија.

Победниците од меѓусебните дуели денеска ќе играат во полуфиналето. Вчера беше комплетирана првата полуфинална двојка. Во Лондон Италија ќе игра против Шпанија.