Данска против Англија е вториот полуфинален дуел на ЕУРО 2020. Данците денеска ја совладаа Чешка со 2:1, додека Англија на убедлив начин со 4:0 преку Украина обезбедија учество меѓу најдобрите четири.
Данска со победата над Чешка, по пауза од 29 години успеа да се пласира во полуфиналето на ЕУРО 2020. Данците благодарение на головите на Делејни и на Долберг имаа водство од 2:0 против Чешка во вториот дел. Чесите стигнаа до гол веднаш на стартот од вториот дел, но до крајот не стигнаа барем до израмнување и до продолженија.
А, Данците во полуфиналето ќе играат против Англија, која вечерва во Рим ја „растури“ селекцијата на Украина совладувајќи ја убедливо со 4:0. Хари Кејн два пати и еднаш Мегвјаер и Хендерсон беа стрелци за Англичаните, а победникот беше решен веќе по 63. минути игра кога „падна“ и четвртиот гол во мрежата на Украинците.
Второто полуфинале е дуелот меѓу Италија и Шпанија. Двете полуфиналиња како и финалето се играат во Лондон.
