ЕУРО 2020: Еден фаворит денеска испаѓа, може ли Чешка да ја изненади Холандија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови два натпревари во рамките од 1/8 финалето на ЕУРО 2020 денеска. И прво големо дерби, дуел на фаворитите. Играат европскиот првак Португалија против Белгија на стадионот во Севиља.

Станува збор за две репрезенатции кои важат за фаворити за освојување на пехарот, па така една селекција денеска ќе каже „збогум“ на ЕУРО. Белгија важи за главен фаворит, со оглед на играта во групата (три победи од три меча), но Португалија ќе сака одбрана на пехарот, а свесна е дека мора да мине една голема селекција на тој пат. Натпреварот почнува во 21 часот.

Претходно во 18 часот играат Холандија против Чешка во Будимпешта. Холанѓаните важат за големи фаворити. Ја завршија групата со три победи од три меча, додека Чесите освоија четири бода (три со Шкотска и еден со Хрватска). Нивниот главен адут е Патрик Шик. Дали ќе има изненадување, ќе видиме вечерва.