Италијанската фудбалска репрезентација се пласираше во 1/4 финалето, откако потешко од очекувањата ја совлада Австрија. „Аѕурите“ мораа да играат и продолженија за да го скршат отпорот на Австријците.
Инаку во регуларниот дел на Австрија и беше поништен гол и тоа по преглед на ВАР снимката, а Имобиле ја погоди пречката. Па така на крајот беше 0:0.
Во 95. минута Киеза убаво се снајде и ја тресеше мрежата на Австријците. Песина во 105. минута донесе 2:0, а Австрија преку Калајџиќ само намали. Италија после долго време ја вадеше топката од мрежата.
Претходно 1/4 финале обезбеди Данска која со 4:0 ја совлада селекцијата на Велс.
