Поради закана со бомба, евакуиран австрискиот претседател Александер ван дер Белен. Тој бил во зградата во дворецот Хофбург во миговите кога стигнала заканата.
Во мејлот пишувало дека во дворецот се наоѓа бомба, и веднаш претседателот бил евакуиран од неговата канцеларија.
После повеќе од еден час преглед на сите простории, утврдено е дека станува збор за лажна дојава. Полицијата ги затворила сите улуци околу Хофбург.
Виенскиот весник „Естерајх“ пренесува дека во пораката немало само закана со бомба, туку и извесна сума на пари која требало да биде исплатена за да не биде активирана експлозивната направа.
Полицијата веднаш уапси едно лице на 33 години кое се поврзува со овој случај.
