Евакуирани канцелариите во Капитол Хил поради сомнителен пакет – полицијата на терен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Канцелариите во Капитол Хил во Вашингтон се евакуирани поради сомнителен пакет, јавуваат американските медиуми.

На терен пристигнале припадници на полицијата кои вршат истрага, пишува Сан.

Инаку, Капитол Хил на 6 јануари беше место во кое имаше големи нереди откако граѓани упаднаа во Конгресот на САД. Тогаш загинаа пет лица.