Снежна покривка до изутрина (во см): 40 Маврови Анови, 39 Крушево, 33 Ѓуриште, 31 Попова Шапка, Пожаране, 26 Дебар, 24 Тополчани, 20 Битола, Претор, 16 Скопје-Петровец, 15 Скопје-З.Рид, Куманово, 14 Прилеп, 11 Тетово, 10 Берово, 7 Штип, 4 Кр. Паланка, 1 Д. Капија.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 34 Пожаране, 29 Крушево, Дебар, Претор, 28 Скопје Зајчев Рид, 27 Тетово, 26 Виница, 25 Битола, Куманово, 24 Ѓуриште, 21 Скопје – Петровец, Прилеп, 20 Штип, 19 Гевгелија, 12 Берово, 11 Струмица, 9 Дојран, К.Паланка, Охрид.
Времето денес (22.03 2021 год.): Облачно со повремени врнежи од снег, а во југоисточните подрачја од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и североисточните делови. Во вечерните часови врнежите ќе ослабнат и постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени.
Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер.Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.
