Еве како едноставно да дознаете кој ви се најдобри објави на Инстаграм во минатата година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минатата година беше се, само не нормална. Затоа највеќе е заслужна пандемијата на коронавирусот која влијаеше на секој сегмент во животот, па така и на објавите на социјалните медиуми.

Бројни корисници на Инстаграм објавуваат колажи од девет фотографии кои добиле најмногу лајкови во 2020 година.

За да дознаете која од вашите девет фотографии најмногу им се допаднале на вашите следбеници, сè што треба да направите е да ја инсталирате апликацијата Top Nine for Instagram 2020 за iOS и Android.

Откако ќе ја преземете апликацијата и ќе го внесете вашето корисничко име на Инстаграм, од вас ќе биде побарано да ја внесете вашата адреса за е-пошта и ќе ја видите следнава порака: „На некои сметки ќе им треба повеќе од неколку секунди за да се анализираат. Ќе ви испратиме е-пошта со деветте најдобри фотографии за да не мора да чекате“.

Внесување адреса за е-пошта не е потребна, и ако ја додадете, секогаш можете да ја отстраните од апликацијата на topnine.co/forget-me.

Можете да најдете Топ девет фотографии на Фејсбук со пристап до CreatorKit.com/TopNine.