Еве кога ќе настапат македонските претставници на ОИ во Париз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија на ОИ 2024 има вкупно шест спортисти.

Денес македонскиот пливачот Никола Ѓуретановиќ (16) прв од македонските спортисти ќе настапи на 33. Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Утре е предвиден и почетокот на натпреварите на стрелачката Анастасија Мојсовска (22).

Еди Шерифовски ќе настапи на џудо- борилиштето на 30 јули, за кога се закажани борбите во неговата категорија до 81 килограм (џудо, категорија до 81 кг, во вторник).

Милијана Рељиќ треба да настапи на 8 август (таеквондо, до 57 кг, на 8 август), исто и Владимир Егоров ќе настапи на 8 август (борење, до 57 кг, од 8 август).

Ќе ги завршиме овие Олимписки игри со маратонската трка на Дарио Ивановски, кој ќе истрча на улиците на Париз на 10 август.