Еве колку брзо автомобилот кој стои на сонце станува смртоносен!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Топлотниот бран продолжува и денеска. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени.

Автомобил на 36 степени станува смртоносен за само 5 минути

Автомобилот на сонце може да биде многу опасен ако седите во него без вклучена клима. Тоа го докажува табелата што со години на Фејсбук ја објавуваат пожарникари од Загребската противпожарна служба. Така, температурата во автомобилот на надворешна температура од 30 степени по половина час се искачува на 46 степени.

Кога надвор е 36 степени, што не е невообичаено во овој период од годината, температурата во автомобил изложен на сонце се искачува на смртоносни 62 степени по само еден час. Ако надвор е 38 степени, температурата во автомобилот станува опасна по живот за само пет минути.

Затоа се предупредува никако да не се оставаат деца и миленици во автомобил.

Поради послабата способност на телото на детето да се прилагоди на високите температури, телото се загрева три до пет пати побрзо од телото на возрасен. Високата надворешна температура за многу кратко време кај децата доведува до зголемување на нивната телесна температура и до топлотен удар.

Ако не реагирате на време, органите откажуваат, а само 15 минути престој во прегреан автомобил може да доведе до фатални последици, односно оштетување на мозокот и бубрезите. Оттука, оставањето на дете без надзор во затворено возило е грубо занемарување и злоупотреба на детето, што е карактеристика на кривичното дело повреда на правата на детето.

Во продолжение погледнете ги и советите при топлотен бран: