Еве што ќе добијат оние на кои ќе им „избега“ Оскарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку на номинираните за престижниот Оскар на 92-то свечено доделување во Лос Анџелес им „избега“ Оскарот, тие сепак нема да си одат со празни раце туку ќе добијат вредни подароци.

Подароците за секој кандидат се во вредност од околу 215,000 американски долари, што е вкупно околу 5 милиони долари за сите подароци, тврдат локалните медиуми во САД.

Подароците вклучуваат 12-дневно крстарење на луксузна јахта, која вклучува престој во луксузен хотел каде ноќевање чини 1.300 долари. Номинираните ќе добијат и чоколади од канабис, како и, многу други работи како подарок.

Подароците не се организирани од Академијата, туку од маркетинг агенцијата „Distinctive Assests“ која обезбедува подароци и на други церемонии.

Годинашната награда ќе се одржи за неколку часа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, а голем фаворит со 11 номинации е филмот „Joker“ (Џокер) на Тед Филипс со Хоакин Феникс во главната улога.