Бананите се дел од здрава и комплетна исхрана. Полни се со витамини и хранливи материи, а кога се јадат редовно помагаат во одржување и подобрување на целокупното здравје. Сепак, не треба да претерувате со бананите. Колку се позрели, толку повеќе шеќер содржат, па може да доведат до зголемување на телесната тежина кога се јадат во големи количини.
Зошто не се препорачува да јадете банани за појадок?
Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии кои откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со скокови во нивото на шеќер во крвта. На прво место, треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку консумираат банани секој ден.
Поради оваа причина се смета дека бананите подобро се јадат попладне или навечер, а најчесто се препорачува да се јадат зелени банани кои содржат влакна, но не го полнат организмот со толку многу шеќер.
Доколку сепак преферирате банани за појадок, најдобро е да ги консумирате со храна богата со протеини и здрави масти, пишува Marca.
Придобивките од јадење банани
Кога се дел од урамнотежена исхрана, бананите го стимулираат варењето, не одржуваат сити и на тој начин имаат ефект врз слабеењето, го подобруваат здравјето на кожата, го зголемуваат нивото на енергија и го подобруваат нашиот вид.