ЕВН Македонија подари 23 таблети на средното техничко училиште во Гостивар. Таблетите им се доделени на ученици од втората генерација на проектот 20-20-20. Раководителот на Центарот на корисници во Тетово, Ардит Садику рече дека вакви проекти се потреби за младите особено во време на дигитализација.
„Дигитализацијата ја покри цела планета и на луѓето им треба ваква опрема. Ние се трудиме во ова време да им ја обезбедиме истата и товарот да го покриеме ние како компанија и во иднина да имаме што подобра соработка и да обезбедиме за сите училишта“, посочи Ардит Садику.
Директорот на училиштето Бесир Салиу вели дека ЕВН секогаш ги поддржувала учениците од ова училиште и дека оваа донација била повеќе од потребна во ова време на пандемија.
„Ова е втора година како компанијата ЕВН инвестира во ова училиште со дидактички, технички и други средства што ги бараат учениците, било литература од соодветни предмети или стручни предмети“, истакна Бесир Салиу.
Во средното техничко училиште во Гостивар, ЕВН опремила и еден кабинет за електрични приклучоци каде сега учат 40 ученици од Западна Македонија.
