„Европа мора да биде сплотена, а во денешно време тоа воопшто не е лесно“, вели Бремпт во интервју за ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европратеничката Кетлин ван Бремпт, во интервју за ТВ21, кажа дека Европа мора да биде сплотена, после воведувањето на тарифи од страна на новиот американски претседател Доналд Трамп.

„Не знам што му се врти во главата на Трамп, а не ни сакам да знам, но исто така постои голема побарувачка од големите технолошки компании, а еден од големите сопственици на технолошка компанија е дел од администрацијата на Трамп.

ТВ21: Зборувате за Илон Маск?

„Да, Илон Маск, кого ова го засега поради технологиите и компаниите. Знаете дека на европскиот пазар постојат многу регулативи. Си имаме правила и никој не може да прави што си сака. Ако го земеме за пример
тоа што се случи во Романија со Тикток, што е кинеска компанија, и тоа што Илон Маск го направи со радикалната десница во Германија, сфаќаме дека сакаат да ги намалат стандардите на нашите регулативи. На пример, ние имаме високи стандарди за приватност. Никој не може да шири
говор на омраза во Европа. Тоа не е дозволено и никој не смее да создава алгоритми за промовирање на говорот на омраза. Имаме строги правила за тоа, а тие ги мразат овие правила. Не знам, можеби ја користат заканата за трговска војна што ќе им наштети и на европската и на американската трговија за да нѐ натераат да си ги намалиме стандардите за другите регулативи. Не можам да тврдам со сигурност, но ништо не е сигурно. Најважно од сѐ е што Европа мора да биде сплотена, а во денешно време
тоа воопшто не е лесно. Но мораме да бидеме сплотени за да се носиме со
променливите политики на Трамп. Да, го избраа за претседател и ќе направи сѐ што треба, иако повлекува ужасни потези, но не може да го наметнува својот начин на размислување на Европа, а тоа е многу
посериозна тема од тарифите“, рече Бремпт.