Европол и Евроџаст ја координираа меѓународната акција „Крајна игра“ (Endgame), чија цел беше да се пробијат клучните системи што се користат за „напади со рансомвер“, односно онлајн уцена.
За време на операцијата, која траеше од 19 до 22 мај, властите елиминираа повеќе од 300 сервери, неутрализираа 650 домени и издадоа меѓународни потерници за 20 осомничени, се вели во соопштението на Европол.
За време на акцијата беа запленети и 3,5 милиони евра во криптовалути.
